Светската кошаркарска федерација ФИБА на денешната седница на Централниот борд ги подели „вајлд картите“ за претстојното Светското првенство кое годинава ќе се одржи во Шпанија. Четирите специјални покани ги добија: Турција, Грција, Бразил и Финска.
На почетокот за „вајлд картите“ се пријавија вкупно 15 национални федерации, но некои како Германија и Италија се откажаа. Во конкуренција покрај четирите кои ги добија „поканите“ беа уште: Босна и Херцеговина, Канада, Кина, Израел, Нигерија, Полска, Катар, Русија и Венецуела.
Извлекувањето на групите за СП е закажано за понеделник во Барселона, а шампионатот ќе се одржи од 30 август до 14 септември. Групната фаза ќе се игра во четири града: Севиља, Билбао, Гранада и Гран Канарија, а завршницата во Барселона и во Мадрид.
На Мундобаскетот ќе играат 24 репрезентации: Ангола, Аргентина, Австралија, Бразил, Хрватска, Доминиканска Република, Египет, Финска, Франција, Грција, Иран, Јужна Кореја, Литванија, Мексико, Нов Зеланд, Филипини, Порторико, Сенегал, Србија, Словенија, Шпанија, Турција, Украина и САД.
]]>


