ФИФА ги одреди термините за натпреварите на Мундијалот во Бразил 2014

Иако се уште не се познати сите учесници на Светското првенство во фудбал кое следната година ќе се одржи во Бразил, сепак ФИФА веќе го објави распоредот и станицата по кои ќе се играат натпреварите.

Светското првенство ќе се одржува од 12 јуни до 13 јули 2014 година, а на отворањето ќе игра домаќинот Бразил против противник кој дополнително ќе биде одреден. Натпреварот ќе започна во терминот 22 часот по македонско (средноевропско) време.

Натпреварите во Бразил ќе започнуваат во 18, 21, 22 часот и на полноќ (24 часот) по македонско време, а единствено еден натпревар од Д групата, кој ќе се игра во Манаус, ќе започне во 3 часот по полноќ.

Финалниот ќе се одигра на 13 јули во Рио де Жанеиро на славната „Маракана’’ со почеток во 19 часот.

Пласман на Мундијалот досега обезбедија 21 репрезентација, а во следните две седмици ќе бидат познати и преостанатите 11 учесници на СП.

Составот на групите за Светското првенство ќе биде познат на 6 декември.

Најчитани вести