Филипче: Апсолутно ја поддржуваме борбата против криминалот и корупцијата, но силно ќе се спротивставиме на какво било политичко влијание

Како партија, апсолутно ја поддржуваме борбата против корупцијата и криминалот, но, најсериозно и најсилно и најостро ќе реагираме ако гледаме дека има политички влијанија, истакна лидерот на СДСМ, Венко Филипче во поткастот Политикатни.

„Правосудството, според мене е еден од најголемите проблеми во нашата држава и општество. Во однос на процесите што се водат, дозволете да кажам дека будно ги следиме, имаме правен тим и ги поддржуваме институциите да си работат непристрастно и целосно независно. Гледаме како ќе се одвиваат тие случаи. Дали тие случаи ќе бидат издржани или тие случаи некаде ќе паднат поради тоа што, на пример, да се држат луѓе во притвор бесцелно и така натака. Не сакам да се мешам и да бидам разбран погрешно, но тоа е нашиот најсериозен проблем“, порача Филипче.

Според него, дополнителен предизвик е како политиката да се оддалечи при изборот на соодветни кадри во институциите.

„Сериозен проблем е како да се тргне политиката, и сега не зборувам само за членови на Антикорупциска комисија, или судии, или на кое било ниво, како да се тргнат рацете на политиката од изборот на експерти, на луѓе кои заслужуваат да бидат избрани на конкретни позиции“, рече Филипче.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести