Филипче: Се што сака ВМРО-ДПМНЕ е контрола на судството, а не реформи

„Година и пол ВМРО-ДПМНЕ се на власт. За неколку месеци ќе поминат изборите, а оваа гужва ќе влезе веќе во втората половина од мандатот на оваа влада и тие не сработеа ништо. Ништо не направија од реформите коишто се наведени во заедничкиот документ со Европската Унија , документ што се вика Реформска агенда. А тоа е она што граѓаните го очекуваат: вистински реформирано, независно судство, надвор од политички влијанија, за конечно да се врати довербата во еден од клучните сегменти на државата ,  правосудството.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче потенцираше дека префрлањето на одговорноста од страна на премиерот е неприфатливо.

„Одговорноста за неспроведување на реформите е ексклузивно негова  лична, и на неговиот тим. Според планот, годинава требаше да се донесат 12 закони. Не е донесен ниту еден. Не е ниту поднесен во Собранието.“, потенцираше Филипче.

Според претседателот на СДСМ, главната цел на владејачката структура не е реформа, туку контрола.

„Сѐ што сакаат е да го контролираат судството. Да назначуваат свои роднини, пријатели, сопружници на градоначалници, на нивни коалициски партнери, роднини. Се тоа тоа само за да имаат свои луѓе и да можат да влијаат на судски процеси. Ништо повеќе не сакаат од тоа. За жал, повторно гледаме партизирана држава, како во нивниот претходен мандат до 2017 година“, порача Филипче.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести