Обраќајќи ѝ се на јавноста, денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче порача дека реакциите на јавноста по големата трагедија во Кочани се оправдани и разбирливи и дека е свесен дека системот на многу места не функционира, нешто што според него се случувало и во изминатите три децении.
„За тоа вина имаме сите политички партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, другите политички партии“ рече тој.
Следствено на тоа, Филипче изнесе предлог за широк политички и општествен дијалог кој ќе резултира со изготвувавње на стратешки документи, со ќе се направи стратегија а врз основа на која државата ќе функционира во следните повеќе од една деценија, деценија и пол или две децении.
Потоа, Филипче ги наведе и областите во кои според него, итно треба да се реагира.
„Прво е образованието. Ние немаме веќе деца да ги губиме со тоа што ќе одат во странство. Треба да го зајакнеме тој систем. Сме се обиделе и ние, се обидел и ВМРО-ДПМНЕ очигледно нема посакувани резултати.
Понатаму здравството. Не може само да посакуваме да бидеме здрави, тоа навистина го заслужуваме да го имаме. Тој јавен сервис мораме да го подобриме и здравството и образованието треба да ги тргнеме од дневно политичките пресметки, надмудрувања, математики и тоа да биде навистина стратешки интерес на државата.
Понатаму правосудството, неминовно е да се донесат реформската агенда во што пократок рок реформските закони во одреден систем во којшто ќе се постигне широк консензус не само политички туку и други фактори од делот на правосудството на коишто ова навистина им е експертиза.
Понатаму, заслужуваме да живееме во чиста животна средина да дишеме, а не загаден, токсичен воздух. Македонија има огромни природни богатства мора да најдеме начин да ги заштитиме и да ја исчистиме животната средина.
И последната работа, тоа што граѓаните најмногу ги иритира а тоа партизацијата и политизацијата. Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и паријата за да младите луѓе имаат навистина добар, компетитивен мерит систем и на тој начин да се вработуваат и напредуваат поради тоа што само на тој начин можеме експертизата да ја издигнеме на соодветно и заслужено ниво.“ порача Филипче.


