Формирани четвртфиналните двојки на Австралија Опен

Со одигрувањето на денешните четири мечеви познати се сите четвртфиналисти на Грен слемот Австралија Опен што се игра на тениските терени во Мелбурн.

Двојките за четвртфиналните мечеви закажани за утре и за во среда се:

Томаш Бердих (Чешка) – Давид Ферер (Шпанија), Станислав Вавринка (Словачка) – Новак Ѓоковиќ (Србија), Енди Мареј (Велика Британија) – Рожер Федерер (Швајцарија), Рафаел Надал (Шпанија) – Григор Димитров (Бугарија).

На денешните осминафинални дуели постигнати се следниве резултати:

Димитров – Роберто Баутиста (Шпанија) 3:1 – по сетови 6:3; 3:6; 6:2 и 6:4. Надал – Кеи Нишикори (Јапонија) 3:0 – по сетови 7:6; 7:5 и 7:6. Мареј – Стефан Робер (Франција) 3:1 – по сетови 6:1; 6:2; 6:7 и 6:2. Жо-Вилфред Цонга (Франција) – Федерер 0:3 – по сетови 3:6; 5:7 и 4:6.

]]>

Најчитани вести