Откако хрватскиот весник „Јутарњи лист“ објави листа на десетте најбогати луѓе на светот, во нивната редакција добиле демант, го згрешиле најбогатиот човек на светот, иако ја имале како извор листата на реномираното списание Форбс, според која Бил Гејтс е број еден.
Нивниот читатател, кој им ги испратил демантот, тврдел дека не Бил Гејтс, туку тој лично е најбогатиот човек на светот. „Јутарњи лист“ веднаш си ја поправи грешката и на прво место го стави Марко Шолчиќ, читателот кој им ја демантираше информацијата.
А еве што објави Јутарњи лист цитирајќи го Форбс во првичната информација.
Редакцијата на весникот се извени и ја исправи својата грешка објавувајќи ја и исправката на листата, што ја направил Марио лично, затоа што како што рекол има девојка и таа е од непроценлива вредност. Затоа не Бил Гејтс, туку Марио Шолчиќ е најбогатиот човек на светот.
]]>


