(ФОТО) Пустош после градот во Росоманско: Зошто земјоделците немаат пари за заштитни мрежи?

Ова е сликата на „аграрна“ Македонија, директно зависна од временските прилики и неприлики како во старо време.

Вака изгледа насад со праски после невреме проследено со град.

grad_praski1

Вака изгледа насад на овоштар на кого трговецот му нема  платено за ланската реколта, а тој нема  кај да се пожали. Државата не го штити, државата е тука само кога треба да му ги земе парите за данок.

И тој би сакал да стави заштитни мрежи од град, ама со кои пари?

grad_lozje

Вака изгледа лозјето на лозарот кој три години се моли во визбата да му ги дадат парите. Владата му вели дека нема ингеренции оти тоа биле приватни субјекти. Лозарот треба да знае дека согласно Законот за земјоделство визбата е должна најдоцна за 6 месеци да му го исплати грозјето, во спротивно треба да и се одземе лиценцата. Но визбите се врзани со власта, а на лозарот му се врзани рацете. Без пари со што да ја плати заштитната мрежа?

Затоа за жал, земјоделците  плаќаат со изгубеното здравје, а Македонија со уништување на домашното производство на земјоделски производи.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести