ФОТО: Се омажи за смртно болниот вереник, за да му ја исполни последната желба

Британката Кола Глени (22), се омажила во болница за нејзиниот свршеник Феликс Глени (23), откако му бил дијагностициран неизлечив рак на цревата.

Глени за време на свадбата лежел во болничкиот кревет на Medway Maritime болницата во Кент, а на крајот успеа да стане од креветот за да ја прослават венчавката со неговата сопруга и нивните две деца, Ралф и Перл.

Тој беше хоспитализиран во ноември по неколку недели болки во стомакот, за кои сметал дека се грчеви. Лекарите откриле огромен тумор во неговите црева. И покрај тоа што успеале да го отстранат, понатамошните тестови покажале дека ракот се проширил и дека на Феликс му останале уште неколку недели живот.

После ова сознание, Феликс и Кола одлучиле да се венчаат што е можно поскоро, а на свадбата во болницата тие ги поканиле семејството и пријателите.

“По втората операција, се откри дека ракот се проширил насекаде и беше невозможно да се запре. Феликс рече дека сака да се ожени што е можно поскоро и ние започнавме со организација на свадбата. Беше лудо, затоа што бевме навистина среќни, а беше и многу емотивно. Ние разговаравме за брак пред да се разболи, а кога дознавме дека болеста е неизлечива, решивме веднаш да ја направиме свадбата. Феликс дури и успеа да стане од креветот и да оди надвор во клубот. Сите од нашето семејство и многу пријатели, присуствуваа на свадбата”, изјави Кола.

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести