По немирите и упадот на приврзаниците на Трамп во Конгресот во САД, македонските граѓани веднаш се присетија на 27 април, денот кога беше направен упад и во македонското Собрание. Иако за останатиот дел од светот можеби ова беше ново и вистинско непријатно изненадување и удар врз една од најсилните демократии во светот, за нас беше веќе видено сценарио.
Затоа не изостанаа и креативните критики со фотомонтажи од двата инциденти изработени од нашите шегаџии.
Напомена: Фотографиите се фотомонтажи и не треба да се сфатат како вистина.