Првиот училишен ден на ќерката на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски денеска во основното училиште Димитар Миладинов, како што тврдат за порталот Либертас извори од училиштето, го сликал фотографот на владата кој е вработен да ги слика активностите на владата на Р. Македонија.
Фотографиите кои денеска тој ги снимил потоа осамнаа на провладините медиуми.
Нејасно е зошто владин фотограф слика приватен настан во време кога треба да биде на работа, пред се поради тоа што првиот училишен ден на ќерката на Груевски нема никаква врска со владини активности.


