„Окупаторите незаконски однеле луѓе од областа Ливобережни и од засолништето во зградата на спортскиот клуб. Повеќе од илјада луѓе, главно жени и деца таму се криeja од постојаното бомбардирање“, објавија тие.

На улиците во Мариупол продолжуваат интензивните улични тепачки. Стотици цивили останале заробени под урнатините по бомбардирањето на градскиот театар и се уште чекаат да бидат спасени. Снабдувањето со храна на окупираниот град е невозможно, а на жителите им се заканува невидена хуманитарна катастрофа.

Игор Станиславович, лекар од Мариупол, пред три дена успеал да го напушти градот и да дојде во Лавов.

„Беше многу тешко да се излезе бидејќи руската страна ги нападна официјално најавените зелени коридори. Две недели не знаевме ништо за ништо. Нема интернет нуту мобилна врска. Во автомобилот имавме некакво радио со среден бран, една станица. Колку лаги слушнавме за пет минути на руското радио, не сме слушнале цел живот. По улиците насекаде можат да се видат тела на починати кои никој не ги зема, само лежат таму. Една од најголемите болници во градот е уништена, три сè уште работат, но во моментов нема доволно персонал да им помогне на луѓето во Мариупол, изјави тој за „ХРТ“.

Фото: Агенција Анадолија/АФП










Фото: АФП

Фото: АФП

Фото: АФП

Фото: АФП

Фото: АФП

Фото: АФП



