Франција обезбеди полуфинале на Европското првенство во Данска

Репрезентација на Хрватска обезбеди пласман полуфиналето на Европското ракометно првенство што се одржува во Данска.

Французите славеа победа со 39:30 (полувреме 20:16) против Белорусија во дуел од 2.коло на четврт-финалната група 2, а со петата победа на шампионатот и му се приклучија на домаќинот Данска во полуфиналето.

Во првиот натпревар од оваа група Хрватска ја победи Русија со 33:25, додека во последниот ќе играат Полска и Шведска кои заостануваат само два бода зад Хрватите во трка за второто место во групата кое носи учество во полуфиналето.

Табела: Франција 8 бодови, Хрватска 6, Шведска 4(еден натпревар помалку), Полска 4 (еден натпревар помалку), Русија 0 и Белорусија 0 .

]]>

Најчитани вести