Фудбалерите на Сантандер одбија да играат

Последниот натпревар од реванш четвртфиналните дуели од шпанскиот куп меѓу Сантандер и Реал Сосиедад е прекинат откако фудбалерите на Сантандер одбија да играат. Поради неисплатени плати тие се решија да не го играат реванш дуелот од „кралскиот куп“.

Во неколку наврати играчите на Сантандер до управата упатуваа барања за исплата на платите, а синоќа одбија да играат.

Имено тие се загреваа и штом почна натпреварот се прегрнаа и застанаа на средина на теренот, а истото го направија и од стручниот штаб и резервните играчи, овој потег наиде на аплауз кај навивачите.

Натпреварот најверојатно ќе биде регистриран со резултат 3:0 за гостите, кои победија и на првиот натпревар со 3:1 и во полуфиналето од ова натпреварување ќе играат против Барселона. Во второто полуфинале ќе играат двете екипи од Мадрид, Реал и Атлетико.

Полуфиналните натпревари на програмата се на 5 и на 12.февруари.

]]>

Најчитани вести