Денеска пред зградата на Јавното обвинителство неколку десетици граѓани со ѕвончиња се обидоа да му ја разбудат совеста на јавниот обвинител Марко Зврлевски.
– Зошто е Груевски уште на слобода и зошто е Зврлевски уште јавен обвинител? – праша Стојанче Ангелов на протестот пред Јавното Обвинителство.
Ангелов повика на протести и блокади на македонското обвинителство секој ден во 12 часот, поради тоа што се уште молчи и на МТВ не се емитуваат снимките од опозицијата.
фото: Бриф.мк/Илин Николовски














