Средношколскиот камп веќе осми ден го „окупира“ паркот пред зградата на Министерството за образование и наука, а средношколците велат дека не си одат додека не бидат исполнети нивните барања.
Од Средношколскиот пленум денеска известија дека залихите на кампот се потрошени и добредојдени се секакви донации: леб на парчиња, млеко, јогурт, овошје и зеленчук, конзервирана храна, намази, грицки, вода, сокови, пластичен прибор. Донациите може да се однесат во паркот спроти зградата на Министерството за образование.
фото: Бриф.мк/Илин Николовски








