Под мотото „Црвен картон за министерот Тодоров“, граѓаните денеска протестираат против одговорните за случајот со малата Тамара Димовска од Велес која почина, чекајќи го решението од Фондот за здравство за да замине на операција во Турција.
Мирниот протест започна пред Фондот за здравство, а треба да заврши пред Министерството за здравство каде што присутните ќе повикаат на одговорност за смртта на деветгодишното девојче.
Граѓаните кои протестираат, бараат оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров, од директорите на Фондот за здравствено осигурување, од членовите на Управниот одбор на ФЗОМ, оставки од членовите на првостепената и второстепената лекарска комисија, а бараат и кривична одговорност за директорите, членовите на Управниот одбор и од првостепената и второстепената лекарска комисија на Фондот за здравствено осигурување, поради несовесно работење во рамки на својата служба.
(клик на галеријата за поголем приказ)
фото: Бриф.мк/Илин Николовски






























