Георгина со прстен од 3 милиони долари: Најмалку што можел да направи…

По десетгодишна врска, Кристијано Роналдо ѝ предложи брак на Георгина Родригез со веренички прстен вреден три милиони долари, а 31-годишната манекенка сега во едно интервју открива што мисли за скапоцениот дијамант.

Аргентинско-шпанската манекенка наскоро ќе се омажи за 40-годишниот португалски фудбалер, а во интервју за шпанскиот ELLE, таа се пошегува дека таков прстен е најмалку што можел да направи по толку долго чекање.

„Прекрасен е. Тоа е најмалку што можел да ми понуди по десет години чекање. Искрено, кога ми предложи брак, прстенот беше последното нешто на што мислев“, изјави Георгина и додаде:

„Ми требаше време да сфатам колку е голем дијамантот што ми го даде. Бев толку шокирана што го оставив во собата и не го ни погледнав на сончева светлина сè до следниот ден.“

Да се потсетиме, познатиот фудбалер ѝ предложи брак на Георгина во август, со што завршија повеќемесечните шпекулации за нивната свршувачка.

Веста одекна низ целиот свет кога таа го покажа импресивниот дијамант од 30 карати.

Најчитани вести