Герасимовски: Три конкретни решенија за трите најголеми проблеми во Центар

Центар има реален проблем со недостатокот на паркинг места не само за гостите туку и за резидентните жители во општината. Потврда за тоа вели Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ се неделните извештаи на ПОЦ според кои секоја недела се санкционираат околу 200 непрописно паркирани автомобили. Паркирањето за центарци, вели Герасимовски стана полошо и поради оградувањето на тротоарите кои претходно беа узурпирани од автомобили но најлошо е што дури и резидентните станари во Центар не може да имаат свое паркинг место.

„Ова е состојба која мора да се реши. Јас како жител на општината се обврзувам и имам конкретен план како да обезбедам загарантирани резидентни паркинг места и целосно нови паркинзи на најпроблематичните места како во Дебар маало. Конкретно пред министерството пред одбрана се планира катна гаража која ќе ги ослободи тротоарите од возила. Нови паркинзи се планираат и во Буњаковец и Капиштец“, вели Герасимовски.

Урбанизацијата во Центар е исто така голем предизвик за решавање, потенцира Герасимовски. Тој вели дека ќе продолжи да ја води битката за намалување на градбите, габаритот на зградите и зачувување на зеленилото.

„Центар е доста густ со нови градби токму затоа и беше поставен мораториумот како заштита од нови градби кои се спротивни на ГУП-от. Постапката за ДУП-овите кои не се донесоа мора да се заврши и тие да се сменат. Мој приоритет е брзо и ефикасно да се донесат. Со ревизијата на деветте ДУП-ови наместо бетон, обезбедивме нови 14.000 м2 зеленило и јавен простор. Со ревидирање на преостанатите ДУП-ови, ќе обезбедиме дополнително нов јавен простор и ново зеленило. Понатаму, ветувам, продлабочување на соработката со стручната фела во делот на урбанистичко планирање и оформување на општински тела во делот на екологијата. Ќе направиме конечно наш општински регистар на дрвниот фонд и зеленило“, вели Герасимовски.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести