Што се очекува во 2016 година
За политиката и изборите
Оваа држава 25 години е веќе независна.Замислете дека е нормално(но треба да е апдејтирано) во нашата едукација,ДНК,емотивниот набој да е вградена надворешната политика на СФРЈ,неврзаните,еквидистанцата со соседите но и со УСА и Русија .
Произведува власта разни глупости кои ги отплаќаме секој ден во модифицирана ,нео –форма на обиди на власта со незините групи ,комични советници да завземат нов,па најнов пат во надворешната политика,правејќи еве 10 години умешно од главата на Груевски една неверојатна ЧОРБА.Би заминале Шангај ,Брик би го направиле сами ако треба за сопствените профити и да си седат на власт.
Да,да онака до следниот Охрид ,Пржино или следна романтична дестинација каде обавезно се трезнат дека Македонија не е земја од типот и од приказните на учебниците штампании во СФРЈ.Нити економски ,нити политички нити човечки.Македонија не е земја од тоа што го замислуваат нити опозицијата нити позицијата.Последните статистички реални податоци им се разгледувани кон крајот на деведесетите години.И за Македонија но и за светот.
СДСМ сеуште не ја изучиле консумерската политика на Вмро-Дпмне .Како да на некого му е важно во оваа земја колку порез на профит плаќаат богатите(освен на богатите).Еве да им кажам ..на никого(освен на богатите).А,знаете ли зошто? Зато што колку сакаат нека плаќаат тие пари не одат кај тие на кои им објаснувате туку кај вас во буџет кои потоа го распределувате.
И кога одат во буџет не се обидувајте да им објаснувате дека се тоа нивни пари .Несе тоа нивни пари .Овде во Македонија несе тоа нивни пари.Буџетот е на владата.Тоа запамтетего .Груевски најдобро го докажа и направи нов ментален склоп кој СДСМ нема да го докаже спротивното дека не е така ,децении…
Народот во Македонија е консумерски инаку се иселува.Оваа дефиниција е најважна да ја запамтите.Било вака и ќе биде вака.И секаде е вака.
Сега да видиме што ќе се случи во 2016 на меѓународен план или 5 работи кои најмногу ги интересираат граѓаните на оваа земја.
1.Изборите во Турција завршија па бегалската криза ќе спласне .Кризата многу ескалира заради изборите во Турција,сега работите ќе земат малку поинаков тек.
Полека тоа ќе се стиша.Руско-Турските односи ќе се топло-ладно но некакви ембарга нема да има.
Руската економија во 2015 година извезе 29 милијарди долари стока во Турција,а пак Турција во Русија само 5 милијарди долари.Руските туристит оставиле повеќе од 5 милијарди долари во Турција.Ембарго помеѓу двете земји остава огромни последици по економиите (читајте рејтинзите на Путин и Ердоган) па нема да го има,тие се двајца лидери кои живеат од својот рејтинг.
2.САД се земја која нема скоро никакви интереси на Балканот туку културно љубезно политички освен во Румунија,Бугарија и Турција.Посебно Турција.САД во другите зони на Балканот немаат никаков ,економски,воен или друг интерес освен да биде стабилен.На вратата на Европа .Руско-Српските и да се најдобри се маргинални за УСА и незините сојузници.И да ги има и да ги нема нив им е сеедно.Си ја зеле српската статистика на проучување и заклучиле дека некакви многу јаки Руско-Српски односи се повеќе комедија од реалност.Посебно оваа и другата година Србија и Русија ќе водат скриена војна околу продажбата на оружје во трети земји.Тоа многу ќе ескалира.
Политичкиот дел на УСА дипломатијата од второ класни дипломати им е на терен.Се координираат со ЕУ заради капацитетите.
Воениот дел на УСА не е веќе одамна присутен во нашиот регион.Тајните служби на УСА воопшто ништо не ги интересира освен фундаментализмот.Важи старото правило,се знаеме но не разбираме нити сакаме да разбериме.Бонд Стил им е база од која мораат да пратат што се случува со криминалните групи ,фундаменталистите и стабилноста на Косово.БондСтил веќе е со сосема друга функција од првично проектираната.
3.Турција + Украина+ Еу е најголемата светска Економија.Во 2016 години развојот на овој “сојуз”ќе биде уште покомплексно третиран.Главниот столб на овој сојуз ,Германија нема никаков друг интерес во нашиот регион ,поважен и повитален.Двете земји,Турција и Украина имаат ГДП од нешто помалку (10%)од 2,2 билиони(2200 милијарди) долари или нешто помалку од Русија.
Се очекува во 2016 ,ГДП на ЕУ +Турција+ Украина да премине 20 билиони долари со што ќе биде најголемата економија во светот.Поголема за 10% од САД но 8 пати поголема од Руската или за 10% поголема и од Кинеската која и во 2016 ќе биде во голем пад.Се извинувам за промена на мерната единица билион-трилион.
4.Грција нема да пропадне,но најмногу развој ќе има Албанија.Најмногу брзо до ЕУ ќе оди Црна Гора.Србија со Хрватска ќе имаат далеку поголем пораст на ГДП од Македонија.
Странските инвеститори ќе инвестираат најмногу во Србија по глава на жител на балканот.
Бугарија ќе се занимава со своите енергетски проблеми како и санација на банките па нејзиниот ГДП нема да биде нешто поразличен од нашиот.
Косово и Босна ќе бидат со нас во слична економска ситуација.Политичките внатрешни игри ќе им одземаат поголем дел од времето.Дури на есен 2016 ќе има поместување за овие земји кои треба да ја почнат својата економска експанзија.Но тоа ќе е само почеток.
5.ЕУ нема да се распадне.Само ќе има дислоцирање на финансиите ,помалку во Кина повеќе во Европа.Времето во инвестирање во Кина полека е поминато за компаниите во ЕУ.Веќе имаат нови планови за инвестиции ,а посебно во стабилниот енергетски сектор.Лошиот вокабулар на Москва ги приморува да инвестираат во енергијата.Сеуште не се знае за намерата на ЕУ за 29+2 нуклеарни централи во износ од 400 милијарди евра.Но зголемувањето на производството на гас ја носи Норвешка за овие 2 до 3 години во земја со најбогати граѓани во светот.Нивното зголемено производство на гас (заради “политиката на гасот “на Москва) е во толкава експанзија да можат за 4-5 години да бидат производител на гас колку и Русија.
Британија како и обично ќе си остане во ЕУ ,а излегување од Еу во принцип еве декади умешно го користи за подобрување на позициите во разговорите со Брисел.
Но овој пат изгледа и нивниот примиер доби добар ќотек од неговите мултинационалки кои пресметале дека Британија би изгубила доколку излези од ЕУ повеќе од 30 илјади билиони фунти во наредните 10 години.Се зборува дека во една голема фондацијата на панел неможел од ќотек да ја пронајди вратата ,па си ретерира како што треба.
Еу е профитна организација ,а не партиски раководена творба по теркот на кои сме учени од СФРЈ .Нив секогаш политиката им е за забава ,а на прво место им е комоцијата и профитите.
Изгледа дека треба на МРТВ на еден од каналите да почнат да пренесуваат дел од седниците на Европскиот Парламент.Чисто да разбиеме сивило ем малку да се промениме во психологијата и да видиме како размислуваат и тие.Тие секако размислуваат многу поинаку од нас .Добро,ние се си знаеме..ама ако.Да видиме не е лошо тоа.
Пет најважни работи за нас во домашната политика за 2016 година.
1.Пари ќе има се помалку .Блокади на фирми и граѓани се повеќе.
Вработувањата кои ги ветува владата до членовите на партиите ќе си бидат до избори.
Победил Вмро-Дпмне или СДСМ ,ништо нема да биде важно.Вработувања нема да има со оваа урушена економија.Реформи во администрацијата ќе се прогласат на есен 2016 .
Не е битно кои ќе бидат на власт.Оваа земја можеби може да се задолжи уште 1 милијарда евра но се си има крај ,а крајот ќе е на лето.Критичен дел е во јуни кој ќе се реши без голем земјотрес ,а септември 2016 ќе не чекаат и другите изненадувања.
Владата се повеќе ќе притиска,позајмува но неможе веќе ништо да направи.Граѓаните повеќе пари немаат.Веќе им е гаље дали се блокирани или имаат извршители.
2.Операцијата Билдинг оф Институшнал Капасити ќе си трае,победиле ли Вмро-Дпмне или СДСМ нема никаква разлика за се што е врзано со тој проект.
Доколку СДСМ победи на избори и прави влада ќе има тресок ,а истиот ефект народот ќе си го добие од Вмро-Дпмне,полека и мазно со подршка на медиумите ем малку турболентно па и во двата случаеви.
3.Изборите ќе бидат на нож,се работ за живот и смрт на една партија и еден лидер.
На Груевски ќе му значат повеќе отколку на Зоран Заев.На СДСМ ќе и значат да сочуваат да не се појави 3 опција.
Да го сочуваат Зоран Заев како лидер.Доколку СДСМ ги изгуби изборите ,нема да има враќање на старото лидерство туку ќе има комплетна промена на се и сешто во партијата.Ако пробаат да враќаат стари раководства ќе си се распаднат.
Кратко-Доколку СДСМ ги изгуби изборите,Вмро-Дпмне направи до денес толку антагонизам да нема ништо да се промени во опозиција/позиција бројноста во 2016.
Доколку пак Вмро-Дпмне ги изгуби изборите тоа би било крај на таа партија за следните 3-4 години и повеќе.
Денес тие сами себеси се прашаат што со Груевски по изборите.Функционерите на Вмро-Дпмне се на јасно дека Груевски во 2016 нема да биде премиер нити пак претседател на партијата иако тие победат на избори.
Ситуацијата внатре им е хаотична по ова прашање па ќе траат прегрупирањата и позиционирањата.Веќе за надѕира кои би можел да биде и сукцесор на Груевски.Големи групи на политичари од ЕУ од десницата вејќе бараат сукцесор на Груевски.Дури и Руските дипломати во Скопје го имаат отпишано да го опсервираат како сериозен политичар па нивните пулени во Македонија се повеќе ќе се повлекуваат од кај Груевски и неговите.
Изгледа дека Лавров беше навреден од потезите на Груевски ,а сега Руските дипломати во Скопје ја пратат повеќе ситуацијата па дури незгодната реплика со Ердоган им дава за право да ставовите нивни несе ништо поразлични од ставовите на земји кои Вмро-Дпмне ги посочи како не баш доволно пријателски.Вмро-Дпмне агендата со Русија ја заврши за една декада унапред.
4.Неможе да се замисли ситуацијата ако победе Вмро-Дпмне и Груевски.Барем така вели опозицијата .Што е и точно заради што во таква ситуација од Македонија ќе се иселат уште барем 200.000 жители во следните 4 години.Тажно!
Неможе ни да се замисли ситуацијата заради што таа влада ќе нема финансиска кондиција како и до сега.Посебно е глупаво што изборите 2016 мораат да бидат без дамка и со “препорака од договорот” од Пржино,а после тоа следи Прибе.
Тоа Груевски тешко го испорачува и можна е голема агонија.Доколку тоа го предизвика тешко дека ќе се појави пак во политика или пак цехот за тоа може да е огромен по него во блиска иднина.
Ваквите ситуации не се добро предвидливи.Поврзани се со задолжувањето,финансиската кондиција на државата.Колку може тоа да го издржи овој терк на Вмро-Дпмне е големо прашање.Било каков банкрот или хаос води до одговорноста на целата администрација која го предизвикала тоа.Неблагодарно е да се прогнозираат тие работи што би се случило но став е дека никои од ЕУ и УСА сосе соседите нема да дозволат повеќе влошување на приликите во Македонија.Без разлика дали се од економска или политичка природа.За базбедносната несакам ни да спомнам.Таа си се знае како завршува но нема да заврши лошо по народот како и обично,овој пат.
5.Најнормално сметам дека Вмро-Дпмне ќе го забављаат Министерот Оливер ,најнормално дека ќе искористат секакви шеми ,штосеви и смисалици ..и се да работи освен да работи тоа што треба да го работи.По тоа какви советници (пола од нив) си избрал ,има да се забавља до мај ,а потоа ќе отрезни и ќе се запраша на кој воз и вагон се возел и каде е вратата.
Другиот Министер,за труд и социјала ќе заклучи во мај,дека тоа министерство и небило и толку битно и дека некои им го сместиле да го бараат тоа министерство.Доколку победат одма ќе го отстапат на коалициони партнери.Доколку загубат резултатот и размислите за тоа министерство ќе им биде ист.На кого ли му текна да немаат заменик туку министер на ова место.
Заменикот министер за финансии па до Катица Јанева и СЈО ќе си бидат секојдневно попречувани,дезавуирани ,прикочувани,сместувани .За заменикот во администрација па тоа е веќе апсолвирано.Таму сериозно му треба помош заради тоа што ќе помини,најлошо.
Груевски со неговите советници е вешт по тегнење на работите.Ќе тегне и тоа е негово право.Ќе внимаваат да не претераат.”Најсветол лик” во ова сето е Илија Димовски.Прави некакви собири ,а по фаца му се разбира следното-Знам дека несум за тука и нема што да кажам ама морам нешто.Ова ќе продложи до изборите.Илија ќе биде шпиц на нападот на уморениот Вмро-Дпмне.
Прашањата од странците за и околу опозицијата секогаш е поврзан со нивниот капацитет.Одговорите се константно исти.Одговорите за тоа што мислат за ЕУ ,НАТО,УСА,проблем со Името,соседите останува..недефиниран.Капацитетот и недефинираноста скапо ќе ја чини опозицијата не само овие 10 години .Од секогаш од после конфликтот 2001.
Прашањата од странците за позицијата секогаш е поврзан со кредити,пари.Одговорот е константно ист.Скапите пари ќе не чинат недефинирано скапо ,а колку тоа незнае никои сеуште.
Тука Вмро-Дпмне прави една глупост што ќе ги чини најдиректно-Ја убиваат демократијата изминативе 10 години ,а при тоа дебело земајќи кредити.Доколку ја развиваат(сега веќе по адекватен збор е -развиваја) и земаат кредити без оние глупави проекти од мегаломанијата ќе владееа долго .
Не им иде умот .Лоша им е проценката на подвоеноста и закрвување на народот.Овој цех ќе си го платат 2016.Веќе сите знаат дека неможат да опстанат на власт доколку не исплатат две плати и две пензии.
Пржино и Прибе им е судбината те нив те на Македонија.Разликата на Изборите 2016 ќе биде 40.000-50.000 помеѓу двете “Боро партии”ама Рамиз ќе одлучи за владата.Прашајќи го Рамиз,никои нема да го праша.
Многу здравје во 2016 година и помалку секирации.
Даме Чкатроски


