Австралиските гранични служби ѝ ја укинаа визата и на чешката тенисерка Рената Ворачова. Таа сега ќе биде подложена на истата процедура како Новак Ѓоковиќ и ќе биде префрлена во хотелот за мигранти.
Чешката тенисерка на крајот на декември, со исти документи како и Новак Ѓоковиќ, влегла во Австралија без никакви проблеми, а сега ѝ е укината визата. Таа веќе одигра подготвителен турнир во Мелбурн за Австралија опен, но по приведувањето на Новак, полицијата почнала да ги „чешла“ документите и на останатите тенисери и да истражува нови случаи слични на Ѓоковиќ.
]]>
Австралија Опен, вакцина, Ѓоковиќ, РЕната Ворачова, тенисер, хотел