Ѓоковиќ го освои трофејот во Абу Даби

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на егзибицискиот турнир во Абу Даби откако поладнево во финалниот меч го совлада шпанскиот тенисер Давид Ферер со 2:0, по сетови 7:5 и 6:2. Оваа победа воедно претставува хет-трик на Ѓоковиќ на овој турнир со оглед на двата триумфа од претходните две години.
За Србинот ова е прв освоен трофеј по ангажманот на прославениот германски ас Борис Бекер за негов нов главен тренер.

Третото место на турнирот во главниот град на Обединетите Арапски Емирати му припадна на Рафаел Надал (Шпанија) кој беше подобар од Жо-Вилфред Цонга (Франција) со 2:0 – по сетови 7:6 и 6:3.

Најчитани вести