Ѓоковиќ и Штепанек го отвораат финалето на Дејвис купот

Новак Ѓоковиќ за Србија и Радек Штепанек за Чешка ќе играат утре во првиот меч (почеток 16 часот) од финалето на Дејвис купот. По повредата на Јанко Типсаревиќ и суспензијата на Виктор Троицки, Србија како втор играч во поединечна конкуренција го пријави Душан Лајовиќ, кој утре во вториот меч во „Комбанк Арена“ ќе игра против Томаш Бердих. Во сабота на програма е мечот во двојки за кои се пријавени Ненад Зимоњиќ и Илија Бозољац за Србија и Јан Хајек и Лукаш Росол за Чешка. Во недела на програма  се мечевите: Ѓоковиќ – Бердих и Лајовиќ – Штепанек.

Селекторите имаат можност на еден час пред почеток на секој меч да променат играч, а победник е селекцијата која прва ќе добие три меча. Титулата ја брани селекцијата на Чешка, која лани во финалето ја победи Шпанија.

Најчитани вести