Со победата над аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро, Србинот Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на АТП турнирот во Лондон. Во 13 меѓусебен меч на овие двајца тенисери Ѓоковиќ до 10.та победа стигна со 2:1 – по сетови 6:3, 3:6 и 6:3. За во моментов вториот светски рекет ова беше 19 победа во низа што му овозможи да влезе во големата четворка на завршниот голем турнир сезонава.
Од оваа група вториот полуфиналист ќе биде одлучен по меѓусебниот меч на Дел Потро и Рожер Федерер (Швајцарија). Французинот Ришар Гаске нема шанси за полуфинале.
Табела Б група: Ѓоковиќ 2-0 (победи-порази), Федерар 1-1, Дел Потро 1-1, Гаске 0-2.
За денеска се закажани дуелите од А групата.
Од 15 часот играат Давид Ферер (Шпанија) – – Станислав Вавринка (Швајцарија), додека од 21 часот е дуелот Рафаел Надал (Шпанија) – Томаш Бердих (Чешка).
Табела А група: Надал 2-0, Бердих 1-1, Вавринка 1-1, Ферер 0-2.


