Ѓоковиќ се огласи од Мелбурн: Христос се роди. Среќен Божиќ

Новак Ѓоковиќ за првпат се огласи во јавноста по хаосот што настана по неговото пристигнување во Мелбурн и укинатата виза од страна на австралиските власти.

„Мир Божји. Христос се роди. Среќен Божиќ. Божјата љубов нека ве исполни“, напиша Новак и додаде:

„Благодарност до моето семејство, до Србија и до сите добри луѓе ширум светот што ми испраќаат поддршка. Благодарност до Бога за здравјето“, порача Новак Ѓоковиќ.

На српскиот свештеник кој сакаше да го посети славниот тенисер во хотелот, не му беше дадена дозвола да го направи тоа.

Toj одржа литургија пред хотелот придружувам од навивачите дојдени да му ја дадат својата поддршка на тенисерот.

]]>

Најчитани вести