На својот официјален сајт тенисерот Новак Ѓоковиќ ги избрша планираните натпревари на “Австралија опен”. Тоа значи дека тој нема да ја брани својата титула и најверојатно ќе се врати дома.
Најтрофејниот шампион на “Австралија опен” не беше пуштен да влезе во земјата, затоа што визата не му е одобрена, а адвокатите поднесоа жалба на одлуката. Тој има право да се врати дома и да поднесе барање за нова виза.
Српскиот тенисер вчера полета кон Австралија со надеж дека ќе добие дозвола за влез во земјата и покрај тоа што не е вакциниран. Тој се повика на медицинска потврда за ослободување од вакцинација.