Ѓорѓи Спасов: Шешељ е единствениот победник на изборите во Србија

Арогантниот Вучиќ доби уште еден мандат но неговата партија ќе има 27 места помалку во Собранието на Србија од оние што ги имаше до сега.
Партијата на Милошевиќ СПС, што ја води Ивица Дачиќ по овие избори спадна од 44 на 30 места во Собранието или изгуби една третина од мандатите.
Радикалот и хашкиот затвореник Војислав Шешељ станува член на српскиот парламент и неговата Радикална странка освои 21 место, или речиси сите што ги изгуби Вучиќ.
Сите други опозициони партии заедно освоија околу 50 места од вкупно 250 колку што има во Собранието на Србија.
Вучиќ со освоените 131 место од вкупно 250 ќе формира лесно влада, но ќе го добие Шешељ во Собранието и малку зајакната опозиција која нема да биде во можност да го спречи лизгањето на Србија кон еднопартизам.
Кладилниците во Србија даваа можност да се кладите на процентот на гласови што ќе ги освои партијата на Вучиќ. Влогот можевте да го ставите на тоа дали СНП ќе освои над 47.5% од гласовите или помалку. СНП освои 48.25% од гласовите, со што кладилниците прилично точно го погодија изборниот резултат.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести