Повторно лозарите се изманипулирани, а веќе е почната новата реколта.Голем дел од винарските визби не прават договори за тековната сезона, и огромен дел на грозје остранува без решен проблем, изјави Зоран Ѓорѓиев, претседател на општинската организација на СДСМ Кавадарци.
– По секоја помината реколта лозарите повторно се со наведнати глави, празни џебови, неисплатени трошоци.Скапото производство, бадијала вложениот труд, назадоволството од неисплатеното на и онака ниската цена на грозјето и оваа година не изостана.Како и минатата година, и оваа грозјето ќе биде по иста цена, односно кратошија за 13 денари, а смедеревка за 11 денари – рече Ѓорѓиев.
Според него, лозарите се разочарани бидејќи 10 години се соочуваат со иста цена на грозјето, а трошоците секоја година им се се поголеми и тие достигнаа 100 процентно зголемување.
– Криминалната влада во заминување оваа година им вети на лозарите дека предаденото грозје ќе го исплатат најмногу за три месеца. Оваа криминална власт троши милиони евра на Панорамско тркало во Скопје, а со тие пари ќе го решеше проблемот на лозарите – рече Ѓорѓиев.
По демократските промени, новата влада предводена од СДСМ ќе се грижи за земјоделците и ќе обезбеди поефтино производство и гарантиран пласман на земјоделските прозиводи.
Според него, преку мерките за поефтини репроматеријали, воведувањето на зелената нафта и други слични мерки значително ќе се намали производната цена а земјоделските производи ќе бидат конкурентни како на домашниот така и на странските пазари.


