Грчките земјоделци денеска ќе ја блокираат македонско-грчката граница

Грчките земјоделци продолжуваат со блокирање на грчките автопатишта. Земјоделците најавија дека денеска од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот ќе биде блокирана македонската граница, но и грчката граница со Бугарија и Албанија, како и ред други точки и дел од автопатиштата низ целата држава.

Кон 15.000 трактори и илјадниците земјоделци, кои се распоредени на клучни точки низ цела Грција, денеска ќе се приклучат и возачите на камиони, кои ќе ги засилат дополнително блоковите со камиони и цистерни.

Демонстрантите ќе имаат нов состанок во вторник, на кој ќе се одлучи како ќе продолжат блокадите против владините мерки со кои се предвидуваат повисоки даноци и кратења на пензиите на земјоделците, а ќе одберат и претставници кои ќе заминат да се сретнат деновиве со премиерот Алексис Ципрас.

Земјоделците се одлучени да не се откажат од протестите, додека не бидат исполнети нивните барања, додека пак од грчката влада јасно потенцираат дека менувањето или откажувањето од оваа мерка ќе ја загрози грчката стабилност и одново ќе ја стави Грција пред заканата да биде исклучена од еврозоната.

Извор: Мета

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести