Грците молат: Купете стан по „багателна“ цена, ќе ви дадеме државјанство

Цените на недвижностите во Грција се се пониски и ја достигнаа најниската точка во последните 15 години. До пред 5 години во Солун годишно се продавале 26.000 станови, а сега само 1.500. Така цените на куќите за одмор во Грција, споредено со периодот пред избивање на должничката криза се паднати за околу 45%. Во Солун во овој момент тешко може да се најде отворено градилиште на станбен или деловен простор, а зградите кои се завршени и пред неколку години во кои никој не живее се видливи на скоро секој чекор.Ситуацијата на пазарот најдобро ја отсликува пораката на еден сопственик на истакната зграда на која пишува: „Продавам станови на рати“. Сопствениците се подготвени дури и на отплата во рок од 10 години без никакви екстра камати, анализира Б92.
Цената на недвижностите во некои делови на Солун е падната за 60%, а Грција конечно во оваа приказна се вмеша нудејќи им на купувачите даночни олеснувања, а на странските купувачи државјанство.
Стан во Солун, граден така да има поглед кон пристаништето а кој чини 100.000 евра, денеска инвеститор би бил среќен ако го продаде за 55.000 евра. За изградба во овој момент никој не размислува, а експертите прогнозираат понатамошен пад на цената на квадрат во Солун, анализира Б92.
На ново во цела Грција, продажбата на станови падна во последните неколку години за скоро 20 пати. Државата, како што велат и понатаму бара најдобро решение за настанатата ситуација.

-Намален е данокот. На пример сопственикот на станови кој нема да успее да продаде стан од 100.000 евра, годишно нема да плати данок од 10, туку само од 3.000 евра. Ова олеснување ќе важи и за купувачите ако ги има. А секој кој не е од ЕУ, а купи недвижност од 250 илјади евра или повеќе, тогаш од грчката држава добива државјанство за себе и за своето семејство, вели за Б92 Антонис Гифтополус, правен експет за недвижности.
>И понатаму најмногу станови купуваат Грците, но меѓу останатите купувачи на недвижности се Србите, Русите, Бугарите, Романците, а секако и Македонците. Сите во најголем дел бараат помали станови во стара градба. Велат дека во западниот и посиромашен дел на Солун може да се најде и стан по 500 евра за кварат.
КУПУВААТ И МАКЕДОНЦИТЕ
>Македонците во последните години се повеќе купуваат станови во Грција, но тоа го прават најчесто со бугаски пасоши преку бугарски агенции за недвижности.
>Во близината на Солун дури има и населба која ја нарекуваат “македонска” населба или населбата Переа во која дел од становите се во сопственост на Македонци. Таа се наоѓа во близина на аеродромот на 15 километри од центарот на Солун.

Извор: Емагазин

Најнови вести

Најново од Економија, Топ Вести

Најчитани вести