Груевизам без граници

1. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ очекува Катица да покрене обвиненија против целото раководство на неговата партија. Конечно народот и груевизмот да мислат исто;

2. Груевизмот ги љуби оние кои што не ги интересира политика бидејќи ги ангажира интересно да го љубат груевизмот;

3. Субвенции ќе добие секој кој што е вклучен во злосторничкото здружување за кражба на избори. За субвенциите гарантира уставниот суд.

4. За новиот проект “Купи куќа за млади” како што се очекуваше најголем интерес покажаа пензионерите;

5. Груевизмот отвара по 600 нови работни места на ден насекаде во светот, само не во Македонија

; 6. Груевизмот одлично се справува со корупцијата и организираниот криминал. Разбиена е банда која продавала неколку коприви за гола егзистенција;

7. Иако свежо невработен, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ неуморно презентира нови проекти за граѓаните. Проектите оживуваат само на куртонските медиуми финансирани од груевизмот. Логично, само таму се вработени оние без работа.

8. По прекинувањето на соработката со Ван Хојте се очекува груевизмот да ја прекине соработката и со ВМРО;

9. Богатинова по гостувањето на водечките опозиционери најавува гостување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во централните вести на Канал 5. Нормално, и таа е човек;

10. По Пешевски, груевизмот лансираше нова естрадна звезда. Рапер. Специјалната јавна обвинителка купила три влезници за нивниот концерт. Ќе ги следи заедно со Фатиме и Ленче;

11. ГДОМ не успеа да го одбрани груевизмот. Вистински благослов е што не се обиде да ја одбрани Македонија;

12. Груевизмот удира во ГРОМ, со коприва;

13. Ван Хојте им подметнува мачки. Ги потсетува дека го трошат последниот живот;

14. Македонските граѓани се приморани да се лечат преку смс пораки и донации, и плус да плаќаат данок (ддв) за да биде жив и здрав груевизмот.

15. Кога груевизмот ќе заврши неговите апологети конечно ќе свршат.

Пишува: Перо Костадинов

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести