Груевизам, или што се’ не е македонски

  • Не е македонски да се молчи.
  • Не е македонски да се живее со сто евра.
  • Не е македонски дека ова се лоши времиња; лоши луѓе ја водат Македонија.
  • Не е македонски да ја погребаш Македонија на телевизорот како во мртовечки сандак.
  • Не е македонски да се водат јавни работи за лична корист.
  • Не е македонски да се живее во држава во која подобро живеат кукавици одошто храбри и каде глупаци ги водат паметните.
  • Не е македонски да се заборава дека оној кој корупмпира го расипува јавното мнение така што прави злосторство и го пљачка јавното добро.
  • Не е македонски да се мобилизираат луѓе за контрапротести ако веќе се принудени да живеат груевистички живот.
  • Не е македонски да се има фукус за претседател на Македонија.
  • Не е македонски да се има онаков премиер кој се потпира на гласачко тело кое никогаш не ја видело Фиренца, Рим. Париз.
  • Не е македонски да умира Источна Македонија.
  • Не е македонски кога гласачите не’ гледаат дека груевистите лажат не само од потреба, туку и заради задоволство.
  • Не е македонски што нацијата нема цел.
  • Не е македонски што сите комшиски народи бегаат од македонците.
  • Не е македонски да се направи непристојно богатство од несреќата на сопствениот народ.
  • Не е македонски крадењето да се нарекува транзиција.
  • Не е македонски да се објави ејакулација па евакуација.
  • Не е македонски да живеат морални параплегичари.
  • Не е македонски кога фактот што немаме иднина се нарекува дефетизам, а не дијагноза.
  • Не е македонски да се прави држава на контраотпор према стварноста.
  • Не е македонски половина нација да се третира како предавничка.
  • Не е македонски кога свесно се прави политички систем во кој парите ќе останат на мала група на посветени.
  • Не е македонски, зафатена од паника, државата да го бара излезот во тиранија.
  • Не е македонски да се чекаат објави на странски медиуми, па дури потоа Македонија да види што има ново.
  • Не е македонски да се чувствува стравопочит према своите џелати, па дури и кога таквите се „наши“.
  • Не е македонски да се потпираш на оние кои за себе велат дека се Големи Македонци, а во пракса се гигантски лопови.
  • Не е македонски да се биде овца која е препуштена на овца.
  • Не е македонски да се верува дека тврдоглавост, глупост и умисленост се сурогати за карактер.
  • Не е македонски да се држат два милиони жители без вистинска работа.
  • Не е македонски да се живее со статус на европски црнци.
  • Не е македонски кога премиерот ќе одлучи да ни ебе матер.
  • Не е македонски кога некој ќе ти посака среќа следната година.
  • Не е македонски кога нашата судбина се претвара во негов тестамент.
  • Не е македонски да се направи систем кој ќе стимулира лоши луѓе и ќе дозволи лошите луѓе да го стимулираат лошиот систем.
  • Не е македонски да се гарантира слобода на говор, а да не’ се гарантира слобода после говор.

Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести