Го послушав бившиот премиер и отидов во архивата да видам какво било неговото мислење за помилувањата во 2009 година, не поради тоа што ме интересираше неговиот став за помилувањето тогаш туку затоа што самиот рече дека ако видам што мислел пред седум години ќе знам што мисли сега.
Тоа е мошне интересна методолгија.
Така и Меркел, кога новинарот на ” Франфуртер Алгемајне Цајтунг” ја прашал што мисли за бегалската криза, таа му рекла ” немам поим, господине, ама знам дека истото мислење го имав уште кога живеев во Демокраратска република Германија, ќе бидете ли љубезни да проверите во вашите архиви, баш сум љубопитна да знам што сум мислела пред триесет години и што мислам денеска!”
Се очекува и Хојт да добие сличен одговор на прашањето дали тој лично, неговата влада и вмровската инсталација од правосуден систем ја заебаваат специјалната обвинителка: “не би можел да ви кажам, господине Хојт, но знам дека истото го мислев уште кога во жолтото комбе бирав џабалк плацеви на Водно и кога со Миле ја договаравме провизијата со Кинезите!”
На фонот на овие политички префинетости, јас сум обичен балкански труп. Утре да дојдат од Си- Ен-Ен да ме прашаат какво е денеска моето мислење за премиерот, веднаш ќе им кажам: денеска мислам дека е луд, а во 2009 година мислев дека не е здрав, нема потреба да гледате во архивите, луд психопат, тоа е!
Бранко Тричковски – Фејсбук статус


