Хал и Манчестер Јунајтед го отвораат „Боксинг деј“ во Премиер лигата

Традиционално англиските фудбалски екипи на „Боксинг деј“ играат натпревари од редовните кола, а во Премиер лигата денеска на програмата е 18.коло. Први на теренот во 13:45 часот ќе се појават екипите на Хал и на Манчестер Јунајтед.

Во терминот од 16 часот се играат осум натпревари, а двојките се: Астон Вила – Кристал Палас, Кардиф – Саутемптон, Челзи – Свонси, Евертон – Сандерленд, Њукасл – Стоук, Норвич – Фулам, Тотенхем – ВБА и Вест Хем – Арсенал.

Колото ќе биде комплетирано со дербито во кое играат двете најефикасни екипи досега во шампионатот Манчестер Сити (51 гол) и лидерот Ливерпул (42 гола). Почетокот на овој натпревар што се игра на „Етихад“ стадионот во Манчестер е во 18:30 часот.

Табела: Ливерпул 36 бодови, Арсенал 36, Манчестер Сити 35, Челзи 34, Евертон 34, Њукасл 30, Тотенхем 30, Манчестер Јунајтед 28,

Најчитани вести