Хаос во земјоделство: Mинистерот го демантира својот заменик, земјоделците страдаат

Последните случувања со откупот на оризот уште еднаш ја потврдуваат катастрофалната состојба во македонскиот аграр како резултат на погубната политика на актуелната власт.

После неколку протести, блокади и барања од оризопроизводителите до ресорното министерство да им помогне околу пласманот на оризот, заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски најави дека ќе има интеревентен откуп од страна на владата. Не кажа колкави количевства, по која цена и од кои производители ќе се откупува оризот.

Но наместо одговори на овие прашања, следуваше демант од министерот Цветков кој изјави дека пари во буџетот за интеревентен откуп на ориз, нема ?!

Кавга на коалиционите партнери или груба предизборна манипулација на земјоделците? Како и да е, оризот сеуште стои непродаден, цената е ниска, а откупувачите  се занимаваат со инспекции кои им ги прати Груевски после неговата посета во кочанскиот регион.

Предолго трае оваа агонија на земјоделците и уништувањето на македонскиот аграр под различни оправдувања на Груевски кои може да се демантираат преку читање на Законот за земјоделство и рурален развој, гледање на искуството во други земји и следејќи ги моменталните  состојби во агросекторот.

За оризот е чиста ситуација, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, на барање на министерот за земјоделство, владата може да изврши интревентен откуп на ориз и на тој начин да го релаксира пазарот.  Долгорочното решение на проблемот е во конкурентно производство, односно преку поефтини репроматеријали као зелена нафта, семе, ѓубрива и препарати и секако навремена исплата на субвенциите, да се намали производната цена на оризот и на тој начин да им одговара и на земјоделците и на откупувачите.

Ленче Николовска

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести