Хаосот е излезна стратегија на власта, господине Хауте, да ги растуриме скроз на скроз!

Европската унија и САД не можеа да го тестираат концептот на бескомпромисноста во судирот со злото во Македонија, меѓу другото, затоа што режимот ги има и нивните препораки, лиценци и субвенции.
Штета, бившата југословенска република беше и се уште е идеален полигон на кој можат да се испробаат алтернативите на надминатите и тешко криминализирани концепти на компромисот во неконсолидираните општества како нашето.
Тоа што тие чувствуваат некоја обврска кон своите пулени не значи дека тие нема да им ја удрат истата заебанција што ни ја удираат нам цели десет години: побудалување со кулисите од институции зад кои тие си ги изведуваат своите оргии.
Уствари, тоа е добро, ако резултира со свест за нивото на злото за кое се соочуваме и светот и ние во случајот со мафиотското братство на вмродуи.
Почнав да ја гледам позитивната страна на работите: тие ќе сакаат да го урнат и Пржино и Катица Јанева и изборите и во хаосот што ќе следи да бараат спас за себе, така што имаме основи да се надеваме дека сите заедно, со Брисел и Вашингтон, ќе сватиме дека ние ќе треба им ја урнеме и таа излезна стратегија и нив, не да се стремиме кон компромис, господине Хауте, да ги растуриме скроз на скроз!

Фејсбук статус на Бранко Тричковски

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести