Холандските проститутки бараат исти пензиски повластици какви што имаат професионалните фудбалери бидејќи и тие во младоста извршувале „тешка физичка работа“, изјави Вил Пост, адвокатката на компанијата Фреја која планира да го преземе бизнисот со проституцијата во Утрехт, централна Холандија.
Нивните кариери кратко траеле исто како и на фудбалерите и, како што кажа адвокатката, имаат потреба додека работат да можат да заштедат пари па бараат да бидат ослобедени од даноците.
Фудбалерите имаат многу привилегии и со ослободувањето од плаќањето на данкот можат да зачуваат околу 5.000 евра месечно.
-Мажите сакаат млади жени, така што постарите проститутки не можат да најдат работа, изјави Вил Пост.
Проституција е легализирана во Холандија во 2002 година, под услов да не се извршува под присила.
Според холандскиот закон, жените кои работат во овој „бизнис“ мора да се регистрираат во Комората и да плаќаат данок.
Некои работат и во фирми што ги нудат нивните сексуални услуги и таму проститутките ги уживаат истите придобивки и сите останати работници, вклучувајќи и пензија.
Но, демонстантките велат дека оваа пензија не им е доволна.
Вил Пост вели дека многу од жените остануваат во оваа работа многу подолго отколку што би сакале и би можеле, бидејќи немаат пари за живот.


