Хрватското министерство за земјоделство ги додели новите квоти за 2015 година на корисниците на „плав“ дизел и податоците се доставени до Финансиската агенција.
После првичните проблеми околу квотите, министерот за земјоделство Тихомир Јаковина ги превземал потребните мерки за надминување на проблемите и поефтиното гориво од денеска можат да користат хрватските земјоделци.
Ваква мерка со која земјоделците имаат на располагање поефтино гориво, со години имаат и словенечките, бугарските и српските земјоделски производители.


