Или ќе бидеме шарена револуција или ќе станеме ВМРО-ДПМНЕ

 

Јас немам против ни партиски симболи, ни партиски знамиња, ни маици, ни орли, ни лавови, ни рози, ни црно на црвено ни црвено на црно, ни црвени знамиња ни срп и чекан ни шарени маички.

Тоа е она што сакаме да го кажеме. Ние сме граѓаните со различни убедувања, со различни партиски определби (или неопределби), ама во моментов сме заедно за да ја изградиме демократијата во која сите ќе може да постоиме.

Не ми пречи кога некој вика да живее Заев, не ми пречи кога некој се дере да живее било кој.

Јас сакам држава во која луѓето ќе можат да си викаат да живее, а не да цркне. Сите.

Ние сме шарени.

Ајде да не забораваме.

Фејсбук статус на Мирјана Најчевска

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести