Институт Батут: Се шири епидемијата на мали сипаници во Смедерево

Српскиот Институт за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ денеска соопшти дека кај 14 лица во Смедерево се потврдена мали сипаници.

Станува збор за десет невакцинирани лица (под две години) и четири возрасни лица со непознат и нецелосен статус на вакцинација (вработени во здравствена установа, трудници). Кај две заболени деца има компликации во форма на пневмонија, хоспитализирани се две лица. Примените во болница и тие кои се во домашна изолација се во стабилна состојба, се наведува во соопштението од Институтот.

Епидемијата на мали сипаници во Смедерево бeше пријавена на 12 јануари годинава.

MИА

Најчитани вести