Новиот, број 13, на списанието за критика на времето, Форум Аналитика, тематски е определен со изричита сугестија на насловот на „На Македонија ѝ треба дисконтинуитет“. Кои се пораките зад овој повик?
Сите истражувања објавени досега имаат една константа: Македонија се движи во погрешна насока. Тоа кажува дека, објективно, кај главните политики во сите клучни области во државата – од економијата и социјалата, до здравството и земјоделието – мора нешто суштински да се менува, бидејќи површните, шминкерски реформи не само што нема да дадат ни краткорочни резултати, туку таквите палијативни мерки самите ја продлабочуваат кризата. Кризата не е само материјална, таа прерасна во длабока морална и егзистенцијална криза што го разјадува самото ткиво на општеството. На недореченостите и искривувањата на демократскиот систем во последните 10 години сме излжени на еден агресивен и амбициозен обид за социјален и политички инженеринг, заедно со најголемата и најефикасна финансиска пљачка на која беше изложена Македонија, од памтивек до денес.
Тоа сугерира дека сме заталкале толку далеку во погрешен правец, што единствено решение е да се вратиме на превреднување на основните вредности на македонската демократија и на овдешната општествена реалност. За да ги одгатнеме и да ги ставиме на агендата за дебата овое прашања, поканивме истакнати промислувачи на нашиот актуелен општествено-политички момент да осветлат дел од клучните теми и точки од кои треба да отпочне тој дисконтинуитет.
Дали оваа тематска определба на списанието Форум Аналитика се препознава како оправдана во споредба со резелтатите на истражувањето „Ставовите и перцепцијата на граѓаните за актуелната општествено-политичка ситуација во Република Македонија“?
Да, апсолутно. Истражувањето е направено во првата недела на октомври и по обработката на резултатите и нивната вкрстена анализа, редакцијата на списанието доби јасни индикатори од кои недвосмислено се потврди дека темата „На Македонија ѝ треба дисконтинуитет“ е онаа вистинската во овој момент.
Впрочем, Петар Арсовски, раководителот на истражувањето што го спроведе агенцијата „КреатиФ“, многу сликовито ја аргументира темата кога вели дека „македонското општество е на пола издржување затворска казна за злосторства против демократијата, и дека овој период е период на пресек, на проверка на капацитетот на политичкиот и општествен дискурс за рехабилитација и за тоа дали има сила да излезе од заробеност и да почне ресоцијализација?“.
Целосната анализа на резултатите од истражувањето, како и сите останати текстови посветенио на одделни области како најжешки точки, вашите читатели можат да ги читаа на вебсајтот на списанието Форум Аналтика, www.forum.org.mk
Но, следното прашање кое е сосема логично на претходниот одговор, но и на целата ситуација во општеството е – Дали има сила да направи дисконтинуитет?
Да, тоа е прашањето што си го поставува и Петар Арсовски во неговиот текст, коментар, на резултатите на истражувањето. Во неговата анализа се констатира дека, сепак, има живот во сржта на општеството, некаков изблик на свесност за итната потреба од промена на системот.
Дали таа свест ќе биде доволна за суштински реформи, и пресврт, а со тоа и за „намалување на казната“. Тоа, сепак, најточно ќе го покаже постизборниот периодот.


