Истекува рокот за регистрација и пријавување за паушално оданочување со персонален данок

Ги потсетуваме граѓаните кои се занимаваат со земјоделство како основна или дополнителна дејност и кои оствариле приход до 1.300.000 денари во 2014 година, дека истекува рокот за користење на можноста да се регистрираат и пријават во УЈП за паушално оданочување со персонален данок.

Доколку досега не сте регистрирани во Управата за јавни приходи како даночен обврзник кој остварува приходи од земјоделска дејност, потребно е, најдоцна до 31 јануари 2015 година, до Управата за јавни приходи да поднесете:

– Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност (образец “УЈП-РДО/З”)
– Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ”)

Доколку сте регистрирани во Управата за јавни приходи како обврзник кој остварува приходи од земјоделска дејност, поднесете само Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ”).

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести