Ивона бара ВМРО ДПМНЕ да постави директор на Фондацијата Сорос

Ивона Талевска, главната и одговорна уредничка на весникот „Вечер“, побара ВМРО-ДПМНЕ да постави директор на фондацијата на Сорос.

„ВМРО-ДПМНЕ не смее по ниедна цена да дозволи СДСМ да поставува функционери надвор од договорот од 15 јули. Ништо нема да и фали на државата ако ВМРО-ДПМНЕ ги одбие овие барања на СДСМ и излезе од Парламентот, со што ќе се одбрани правото на изборна волја на мнозинството граѓани и ќе се сопре партизацијата на независните институции и државата, а меѓународната заедница потоа со СДСМ и Албанците во Македонија нека ја води државата и нека мисли што ќе прави со над 500.000 незадоволни гласачи Македонци, на кои им го одземала гласачкото право и волја. Најпосле, со самиот факт дека фондацијата Сорос со 5 милиони евра годишен буџет е партиска институција на СДСМ, која 20 години ја предводи Владимир Милчин, функционер на СДСМ, треба исто така да биде предмет на преговорите“, пишува во текстот потпишан од Талевска.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести