Обама беше избран во ек на финансиска криза. По профил доволно добро да ги смири најбунтовните групи во УСА од кои се очекуваше реакциjа на финансиската криза. Меѓународно таргетите и фокусите му беа Африка и Исламскиот свет,а за другиот дел на светот важеше она НЕ ТАЛАСАЈТЕ .Кафето пиење со Путин и драматургијата како што видовте воопшто ништо не промени. Доколку победи Хилари, фокусот и интересите на УСА оние примарните се ЕвроАтлантските односи. Сите што пратат политика знаат – Првиот и основната стратегиска цел на УСА во меѓународната политика е ЕвроАтланските односи. Сега Хилари ќе го има Бrексит, Украина, Балканот, gраниците со Турција и Турција со арапскиот свет. Во Азија и Африка ќе биде НЕ ТАЛАСАЈТЕ… Кај Обама дури и немаше некаков стаф експерти за ЕвроАзија, a кај Хилари со незините таргети ќе ги врати старите наши познаници за Балканот. Како и да е, прва на која Хилари ќе и се јави ќе биде Меркел, а потоа примиерката на Британија. Веројатно ова ќе бидат незините први посети.
Пишува: Даме Чкатроски


