Електронско издавање согласност за урбанистички планови е нов проект на Министерството за транспорт и врски, што денеска го најави ресорниот министер Миле Јанакиески. Како што рече, со ова максимално ќе се олесни и подобри транспарентниот процес на работење и ефективноста при процесот на комплетирање на потребната документација и имплементација на Законот за градење.
Пред присутните градоначалници на политичката академија за зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа која се оддржува во Крушево, Јанакиески упати повик општините што е можно побрзо да ги завршат предметите во делот на легализација и импелментација на Законот за градење во интерес на граѓаните.
Јанакиески информираше за инфраструктурните проекти кои ги реализира Министерството за транспорт и врски, со посебен акцент на проектите за подобрување на патната мрежа во државата, комуналната инфраструктура, како и проектите од железничкиот сектор.


