Јубилејно издание на манифестацијата „Вкусот на Буково

Во битолското село Буково се одржа петото издание на манифестацијата „Вкусот на Буково“ на која со свои производи се претставија производители на буковска пипер, паста делиција, мед и други домашни специјалитети.

На саемот за традиционалната храна и производи, се одржа и едукативна работилница за деца, менторирана од Јасна Ѓоргиевска, а над 200 посетители беа послужени со пиперки со нане и лук, пиперки со праз и ориз, леб од фурна.

Манифестацијата „Вкусот на Буково“ се одржа со финансиска поддршка од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

МИА

Најчитани вести