По инцидентот со авионот „Боинг 777“ чиј мотор буквално се распадна по полетувањето од Денвер, „Јунајтед ерлајнс“ соопшти дека ги отстранува сите свои авиони од овој тип, што моментално се во функција.
„Јунајтед ерлајнс“ објави дека веднаш ќе ги отстрани 24 авиони „Боинг 777“ кои имаат мотори од серијата „Pratt & Whitney 4000 “, откако Федералната управа за авијација повика на засилени инспекции. Останатите 28 авиони од овој тип, што ги има во својата флота ќе бидат приземјени.
Kако што објавија од компанијата ова го прават доброволно.
Боинг 777 на Јунајтед ерлајнс, кој летал кон Хонолулу, морал да слета кратко време по полетувањето од аеродромот во Денвер, поради дефект на моторот.