Шампионот Јувентус синоќа на свој терен го победи Наполи со 3:0 во дербито на 12.коло од Италијанското фудбалско првенство. По оваа победа „Старата дама“ дојде на само еден бод од лидерот Рома која во оваа рунда одигра нерешено против Сасуоло.
За разлика од Јувентус, тимот на Наполи сега заостанува четири бодас зад водечката Рома и три зад бранителот на титулата.
Головите за Јувентус ги постигнаа Љоренте, Андреа Пирло и Пол Погба.
Горан Пандев беше на клупата за резерви во поразената екипа и не влезе во игра.
Резултати на другите натпревари од овој круг во Серија А: Фиорентина – Сампдорија 2:1, Рома Сасуоло 1:1, Парма – Лацио 1:1, Киево – Милан 0:0, Каљари – Торино 2:1, Аталанта – Болоња 2:1, Џенова – Верона 2:0, Интер – Ливорно 2:0 и Катанија – Удинезе 1:0.
Табела: Рома 32 бода, Јувентус 31, Наполи 28, Интер 25, Фиорентина 24, Верона 22,


