Каде се македонските писатели и уметници да го плагираат Емил Зола,та да викнат силно J’accuse?!

Францускиот весник L’Aurore на 13 јануари 1898 година на целата прва страна го објави писмото до претседателот на Франција Феликс Фор. Писмото го испрати тогаш веќе познатиот писател Емил Зола, а насловот беше,едноставен J’accuse(Обвинувам)!Овој текст беше исткаен од факти и емоции,едноставен и возбудлив,полн со верба и одговорност кон својата држава,потресен во својата искреност со силни аргументи,а со поетски ритам.
Неговото писмо беше жесток напад на највисоките воени личности на тогашна Франција и на самиот претседател на Републиката.И пишува……,,И сите се изгледа против мене…двата дома на Собранието,граѓанската,воената власт,весниците со големи тиражи,јавното мислење кое весниците го затруја. А јас со себе ја имам само својата идеја,идеалот за вистината и праведноста.И мирен сум.Јас ќе победам!,,
На сите закани,бескомпромисно одговара:,,Најопасно е тоа што се дозволува валканиот печат да ја труе земјата,да ја клука без срам со гадости и тешки лаги,додека не ги направи луди. Национализмот е само простачко искористување на племенитата љубов кон татковината,тактика на отровната политика која земјата ќе ја однесе во граѓанска војна, оној ден кога едната половина на Французи ќе се убедеа дека другата половина ги издава и продава ,а другата мисли поинаку.И така се создадоа групи кои проповедаа дека вистинито е она што е лага,дека е праведно она што е неправедено,обвинувајќи еден човек(Драјфус), гонејќи го со смрт божемниот предавник чија единствена страст беше да ја спаси Франција во тој бродолом на разумот и совеста на една нација…..,,
И каде се денес македонските извикани писатели и уметници?Оние преведуваните на повеќе светски јазици,оние кои изложуваат во светски музеи и свират по светските концертни сали,со национални пензии за заслуги…..каде се тие,да викнат силно дека Ѓорѓе го згрешил патот и да завршат како Емил Зола:,,Мојот врел протест е крик на мојата душа за правда.Нека ме изведат пред судот и нека истрагата се води јавно!Јас чекам!

Фејсбук статус на Дивна Јовковска- Ефтимовска

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести