Арно странскиот фактор го притиска Иванов да го почитува уставот и да го даде мандатот на Заев за да се формира влада со која државата ќе почне да функционира. Туку што прават домашните фактори кои ги живеат проблемите од ваквото самоволие на Иванов, за да ги спаси криминалците од затвор. На земјоделците каде им се тн лидери, каде е Аризанов, Шаклев, Тантаров или Стаменов да излезат и да го притиснат Иванов да го почитува уставот и да го даде мандатот за да може да формира влада која ќе им ги исплати субвенциите и ќе им помогне во пласманот на земјоделските производи. Каде се бизнисмените преку нивните комори да реагираат до Иванов кој им го спречува нормалното функционирање, новите инвестиции, трговијата, профитот. Каде се професорите, докторите кои знаат точно какво прекршување на Устав извршува Иванов, да се борат за условите во кои работат. Каде се пациентите да реагираат за немањето лекови ниту нормални човечни услови во болниците, само поради желбата на Иванов да го заштити криминалот од Злосторничкото здружување на власта. Каде се работниците што немаат плата со месеци и работат во мизерни услови. Каде се граѓаните кои размислуваат со своја глава, а не се жртви на пропагандата на Груевски, да му кажат на оној на Водно, да не си игра со животот кој несомнено ни поминува во една ненормална ситуација кога криминалци владеат со оваа држава благодарение на еден човек кој се изживува со сите нас.


